Утрински Весник
Политички Партии

Левица: Комисијата за корупција да испита како директорот на ФЗОМ, Стево Крстевски се стекнал со енормен имот

Левица: Комисијата за корупција да испита како директорот на ФЗОМ, Стево Крстевски се стекнал со енормен имот

Директорот на ФЗОМ од редовите на СДСМ, Стево Крстевски, согласно неговиот јавно објавен анкетен лист поседува личен имот, кој вклучува станови, удели, депозити, куќа и тоа во вкупна вредност од околу 16 милиони денари, несметајќи го и дополнителниот имот на неговиот брачен другар, кој исто така воопшто не е за потценување. Најголем дел од имотот е стекнат за време на владеењето токму на СДСМ, информираат преку соопштение од Левица.

„Гледајќи ја вкупната сума на имотот кој тој го поседува, легитимно е да се постави прашањето на кој начин истиот ги стекнал средствата за купување на овие недвижности, како и дали во тие средства се вклучени и финансии кои Стевчо Крстевски ги стекнал преку вршење на договорени услуги кон државата?! Дополнително, вредноста на објавениот имот, по сите економски параметри, не може да биде стекната само од државната плата која Стево Крстевски ја добива како директор“, велат од оваа партија.

Споредуваат со обичниот работник, кој како што напоменуваат, заработува минимална плата, му требаат скоро 90 години за да успее да го заработи ваквиот имот.

Ова, според Левица, само ја истакнува, како што велат, лажната слика која од СДСМ се обидуваат да ја наметнат дека наводно се борат за правата на обичните работници, како и фактот дека само при владеење на хибриден режим е можно стакнување на вака голем имот во рекордно кратко време.

„Се работи за директор кој е партиски послушник на владејачката криминална клика и кој, противзаконски и насилнички, деградира од работни места роднини на истакнати членови на Левица“, појаснуваат од партијата.

За вакви ситуации, кога е евидентно постоење на основи за сомневање за незаконско богатење, додаваат од таму, јавноста очекува одговори.

„Дополнително, како партија ја повикуваме Државната комисија за спречување корупција, да постапи согласно своите надлежности, утврдени со Законот за спречување корупција и судирот на интереси и да преземе соодветни мерки и активности за истражување на наведениот случај“, стои во писмената реакција.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт