Утрински Весник
Македонија

„Цитроен“ удри пешак во Кисела Вода – Лицето е со тешки телесни повреди.

„Цитроен“ удри пешак во Кисела Вода – Лицето е со тешки телесни повреди.

Пешак се здобил со тешки телесни повреди откако патничко возило „Цитроен“ удрило во него.

Според информациите од полицијата, на 25.11.2021 во 17.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“, патничко возило „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(50) од Скопје, удрило во пешакот Ѓ.Ѓ.(68) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Во Ровоњ првпат претставен филмскиот проект за Тоше Проески

МАКЕДОНЕЦ ИЗБОДЕН СО НОЖ ВО ГЕРМАНИЈА: 24-годишник итно опериран по жестока пресметка

Муцунски на „Тема на денот” на Сител: Стратешкото партнерство со САД носи конкретни политички и економски резултати