Утрински Весник
Свет

Шведската премиерка поднесе оставка само неколку часа по именувањето

Шведската премиерка поднесе оставка само неколку часа по именувањето

Првата шведска премиерка, Магдалена Андерсон, поднесе оставка само неколку часа по нејзиното назначување, јавува Би-Би-Си.

Андерсон утрово беше избрана во парламентот, а неколку часа подоцна поднесе оставка бидејќи нејзиниот предлог-буџет не доби поддршка, а центристичката партија која беше коалициски партнер ја напушти владата.

Наместо предлогот на премиерката, шведскиот парламент го прифати предлог-буџетот што дојде од десничарската опозиција.

Андерсон пред новинарите изјави дека го информирала претседателот на парламентот дека сака да поднесе оставка, но и дека ќе се обиде повторно да стане премиер.

Можете да прочитате

Над 240 случаи на Западнонилска треска во Европа

Трамп очекува конфликтот со Иран наскоро да заврши, Техеран вели дека американската дипломатија не успеала

Италија го отфрли шпанскиот ултиматум за укинување на граничните контроли