Утрински Весник
Македонија

Скопски угостител нападнат со нож поради оштетен автомобил

Скопски угостител нападнат со нож поради оштетен автомобил

Скопјанец на возраст од 37 години, утрово, околу 4 часот, во полиција пријавил дека бил физички нападнат на неговото работно место.

Според пријавата на 37-годишникот, со иницијали Н.Г, околу 23 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, додека бил на своето работно место како менаџер, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат со остар предмет од страна на 34-годишниот И.К. од Скопје.

Причина за недоразбирањето, наводно било оштетеното возило на напаѓачот, кое се наоѓало пред објектот.

Менаџерот во полиција пријавил и дека потоа, по барање на напаѓачот, тој отишол да го викне и менаџерот од соседниот угостителски објект.

Настанот во полиција го пријавил и 34-годишниот скопјанец чиј автомобил бил оштетен.

Според неговата изјава, околу 22.45 часот во близина на угостителските објекти бил физички нападнат од четири лица кои му го оштетиле возилото „фолксваген пасат“.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

 

Можете да прочитате

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата