Утрински Весник
Македонија

Скопски угостител нападнат со нож поради оштетен автомобил

Скопски угостител нападнат со нож поради оштетен автомобил

Скопјанец на возраст од 37 години, утрово, околу 4 часот, во полиција пријавил дека бил физички нападнат на неговото работно место.

Според пријавата на 37-годишникот, со иницијали Н.Г, околу 23 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, додека бил на своето работно место како менаџер, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат со остар предмет од страна на 34-годишниот И.К. од Скопје.

Причина за недоразбирањето, наводно било оштетеното возило на напаѓачот, кое се наоѓало пред објектот.

Менаџерот во полиција пријавил и дека потоа, по барање на напаѓачот, тој отишол да го викне и менаџерот од соседниот угостителски објект.

Настанот во полиција го пријавил и 34-годишниот скопјанец чиј автомобил бил оштетен.

Според неговата изјава, околу 22.45 часот во близина на угостителските објекти бил физички нападнат од четири лица кои му го оштетиле возилото „фолксваген пасат“.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

 

Можете да прочитате

Мицкоски: И Западот не е тоа што беше, очекувам младите да се вратат дома

Бугарската министерка: Ги убедивме европските партнери да ја прифатат нашата позиција, Скопје сега нема политичка волја за ЕУ

Уапсен возач од Шведска, кај Демир Капија возел 175 км/ч при ограничување од 80 км/ч