Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Свршеникот на Кортни Кардашијан се пофали со роденденскиот подарок 

Свршеникот на Кортни Кардашијан се пофали со роденденскиот подарок 
Img 7972

Кортни Кардашијан му го подари автомобилот од соништата на свршеникот Тревис Баркер за неговиот 46. роденден минатиот викенд.

Иако тапанарот на „Блинк-182“ не го прецизираше моделот или годината на својот нов автомобил, таблоидите откриваат дека 42-годишната реалити-ѕвезда му подарила винтиџ Buick GNX, кој чини околу 205.000 долари, според Motor Biscuit.

Во очите на љубителите на автомобили, високата цена е навидум оправдана бидејќи се смета за суперавтомобил од 80-тите и е побрз од повеќето луксузни спортски автомобили.

„Кога вашата девојка од соништата ќе ви го набави автомобилот од соништата @kourtneykardash“, напиша Тревис во објавата на својот инстаграм-профил и сподели слајдшоу од црно-бели фотографии.

 

Можете да прочитате

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?

Рецептот за лажниот ајвар кој го освои интернетот – Потребно е само половина час за да се направи