Утрински Весник
Македонија

Пет мажи и една жена истепале семесјство и им го демолирале домот

Пет мажи и една жена истепале семесјство и им го демолирале домот

Пет мажи и една жена влегле во домот на едно семејство, ги претепале домашните и со секири и ножеви им го демолирале домот. На еден член од семејството му нанеле убодна рана со нож.

Според информациите, насилниците биле на возраст од 19 до 42 години. Тие физички ги нападнале и присутните во домот, со тупаници, клоци и тврди предмети, нанесувајќи им телесни повреди и предизвикувајќи чувство на несигурност и страв.

За сите осомничени јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлози за определување мерка притвор.​​

Можете да прочитате

Привремен престој и лични карти за странци отсега на нова локација

Обвинителството бара притвор, осомничените нудат милионски гаранции за да го избегнат затворот

Началникот на ГШ на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција