Утрински Весник
Македонија

Кичеец останува во затвор, судот му го одби барањето за условен отпуст

Кичеец останува во затвор, судот му го одби барањето за условен отпуст

Зоран Милевски Кичеец нема предвреме да излезе од затвор, кривичниот суд му го одби барањето за условен отпуст, кој го бараше по одлежани две третини од казната.

„Постапувајќи по предлог на директорот на КПД Струга – Отворено одделение, за условен отпуст на З.М. правосилно осуден во предметот на овој суд со КОК бр. 131/19 во јавноста познат како ‘Рекет’, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, по одржана седница на совет на 12.11.2021, донесе решение со кое предлогот се одбива. Решението во текот на денешниот ден е експедирано до странките во постапката кои имаат право на жалба во рок од 8 дена, преку овој суд до Апелациониот суд Скопје“, се вели во соопштението од кривичниот суд.

Кичеец беше осуден на три години затворска казна откако призна вина во случајот „Рекет“.

Можете да прочитате

Под дејство на алкохол удрил и усмртил пешак во Марино, предложен притвор за 21-годишник

Манасиевски: За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ

Жерновски: Пријателот на Орбан – Мицкоски е руски играч кој ја турка Македонија во изолација од ЕУ