Утрински Весник
Македонија

Притвор за велешанецот, кој се обиде да ја убие сопругата зашто сакала да му помогне на болното внуче

Притвор за велешанецот, кој се обиде да ја убие сопругата зашто сакала да му помогне на болното внуче

Судот му одреди 30-дневен притвор на велешанецот кој се обиде со нож да ја убие сопругата, по вербална расправија во домот.

Според информациите, 73-годишниот човек започнал вербална расправија со сопругата, бидејќи таа била на вториот кат од нивната семејна куќа каде живее нивниот син со семејството, за да помогне околу болно внуче. Осомничениот од под перницата од креветот каде што спие, извадил два големи ножа со сечива од 17 см и 19 см. Држејќи ги ножевите во двете раце, тој замавнал кон оштетената во пределот на главата, заканувајќи и се дека ќе ја заколе. Оштетената почнала да го повикува синот, по што тој дошол, го удрил осомничениот и успеал да му ги одземе ножевите.

Можете да прочитате

24-годишник ја фатил мајка си низ прозорецот од автомобилот и ја влечел 20 метри

Пронајден човечки череп во атарот на село Лабуништа

Вчера осум уапсени лица за дрога во Македонија