Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Џафери во прва официјална посета на Обединетите Арапски Емирати

Џафери во прва официјална посета на Обединетите Арапски Емирати
Img 7972

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во периодот од 15 до 17 ноември 2021 година, ќе оствари прва официјална посета на Обединетите Арапски Емирати, која коинцидира со 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

Во составот на собраниската делегација се и членовите на Пратеничката група за соработка на Собранието со парламентите на земјите од Блискиот исток и Арапскиот залив, пратениците, Хусни Исмаили, претседател на Групата и членовите, Дарко Каевски и Бедри Фазли.

Во рамки на програмата се предвидени средби со домаќинот, Сагар Ал-Гобаш, Спикер на Федералниот национален совет на Обединетите Арапски Емирати и со повеќе високи претставници од Владата на ОАЕ и одделни ресорни министерства.

За време на престојот, предвидена е и посета на Павилјонот на Република Северна Македонија на “Експо Дубаи 2020”, информираа собраниските служби.

Можете да прочитате

Мицкоски: Карбинци мора да добие населба за млади брачни парови, едно евро квадрат, мора да работиме на демографијата

Касами: Тетово го најдов рушено – денеска поради мене има нов лик

Кочанчанец се заканувал на адвокати – кривично ќе одговара