Утрински Весник
Македонија

26-годишна родилка со тешка здравствена состојба почина во Гинекологија Чаир

183 нови случаи на Ковид-19 и 18 починати лица

Министерството за здравство информира дека синоќа на ЈЗУ СБГА “Мајка Тереза” – Чаир почина родилка на 26 години, на која со царски рез и беше извадено машко бебе.

Пациентката, прворотка која била во 36 седмица од бременоста, во болница била донесена во многу тешка здравствена состојба, со висок крвен притисок и отежнато дишење. Во вакава лоша состојба таа била во предходните 4 дена во кои ниту еднаш, до вчеравечер не побарала лекарска помош. На увид од извештаите во електронската база „Мој термин“ констатирано е дека станува збор за недоволно контролирана бременост, со само една предходна контрола во 30 недела од бременоста кога за првпат е утврено присуство на висок пристисок. Тогаш на пациентката и била ординирана терапија и дадени напатствија за интензивен мониторинг и болнички контроли. Според кажувањето на семејството, пацинетката не одела на контроли, а терапија пиела повремено.

Синоќа, кај пациентката дошло до бурно влошување на и така лошата здравствена состојба, со знаци за сериозно компромитирање на белодорбната функција со развој на белодробен едем, пад на сатурацијата под 80%, белодробен наод и агитираност. Истовремено мониторингот на плодот покажал сериозно загрозување на благоостојбата на плодот. Поставена е индикација за crash интубација и итен царски рез. Во операциона сала паралелно по интубацијата констатиран кардиоциркулаторен колапс и паралелно со постапки за кардио-пулмонална ресусцитација отпочнат е царски рез. Породен е жив машки плод кој по иницијалната стабилизација е префрлен на Клиника за детски болести. Кај пациентката, за жал и покрај сеопфатни мерки за ресусцитација уследила општа срцевобелодробна декомпензација и кај пациентката во 22:10 часот настапи смрт.

Можете да прочитате

„Отворен ден со Царинската управа” во Куманово: околу илјада посетители се запознаа одблизу со оперативното работење на Мобилна Царина

Малолетник удрен од автомобил во Скопје

Сопругата на Мицкоски, Рози, на глобален самит во Вашингтон во организација на Меланија Трамп: