Утрински Весник
Магазин

Бруклин Бекам: Ковид-19 е причината поради која не се оженив

Бруклин Бекам: Ковид-19 е причината поради која не се оженив

Бруклин, најстариот син на еден од најпознатите британски парови Викторија и Дејвид Бекам, откри дека наметнатите мерки во Британија и САД среде пандемија – според кои свадбените церемонии не може да се одржат или само со намален број – се причината зошто тој и неговата свршеница , актерката Никол Пелц, сега не се маж и жена.

22-годишниот модел признава дека одложувањата биле тешки.

Во интервју за HELLO! тој рече: „Ние сме свршени една година, и ако не беше пандемијата со коронавирусот, веќе ќе бевме во брак“.

Бруклин – кој има двајца браќа и една сестра, Ромео (19) и Круз (16) и Харпер (10) – самоизолацијата ја помина подалеку од своето семејство, кое се смести во нивната луксузна палата во Котсволдс, Англија.

Тој беше во Америка со вереницата Никол (26), актерка, продуцентка и претпримачка.

Можете да прочитате

Нострадамус ја предвидел вештачката интелигенција? Пророштво старо 500 години повторно ја вознемири јавноста

Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри

Детали за турнејата на Оејзис во 2027