Утрински Весник
Македонија

Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок за состојбата со Ковид-19

Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок за состојбата со Ковид-19

Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, ќе бидат слушнати предлозите и согледувањата по последните анализи на состојбата со Ковид-19 во државава.

Инциденцата во последните две недели е зголемена 28,5 проценти, а бројот на лица што се хоспитализирани поради Ковид-19 е зголемен 15 проценти, изјави Филипче.

„Ваквиот раст може да се каже дека е очекуван и ако споредиме со претходните бранови, процентот на хоспитализирани лица е намален, најверојатно поради фактот што има поголем број млади лица што се заболени, а има и лица што се вакцинирани, а заразени“, рече Филипче.

Во моментот поради Ковид-19 се хоспитализирани 518 пациенти, што е 6,4 отсто од активните случаи. Во следната недела ќе се прави секвенционирање за да се види со кој сој се заразени активните случаи.

Можете да прочитате

,,Ера” и музичките концерти го отвараат официјалниот репертоар на 24.CINEDAYS

Нова измама, за лажни повреди на ќерка 70 годишна битолчанка дала 20.000 евра

Мицкоски без противкандидат, во сабота Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци