Утрински Весник
Македонија

Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок за состојбата со Ковид-19

Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок за состојбата со Ковид-19

Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, ќе бидат слушнати предлозите и согледувањата по последните анализи на состојбата со Ковид-19 во државава.

Инциденцата во последните две недели е зголемена 28,5 проценти, а бројот на лица што се хоспитализирани поради Ковид-19 е зголемен 15 проценти, изјави Филипче.

„Ваквиот раст може да се каже дека е очекуван и ако споредиме со претходните бранови, процентот на хоспитализирани лица е намален, најверојатно поради фактот што има поголем број млади лица што се заболени, а има и лица што се вакцинирани, а заразени“, рече Филипче.

Во моментот поради Ковид-19 се хоспитализирани 518 пациенти, што е 6,4 отсто од активните случаи. Во следната недела ќе се прави секвенционирање за да се види со кој сој се заразени активните случаи.

Можете да прочитате

МВР со детали за тепачката меѓу навивачките групи пред „Јане Сандански“, едно лице повредено, едно приведено

Шест возачи приведени, дел од нив пијани, без дозвола или возеле во спротивна насока

Фрчкоски: СДСМ бара истрага и кривична одговорност од Мицкоски и Славески за Алта банка