Утрински Весник
Македонија

Николоски: Демократијата е погазена, потребни се избори во најкус можен рок

Николоски: Демократијата е погазена, потребни се избори во најкус можен рок

Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ вечерва побара брзи и предвремени избори во најкус можен рок, откако денеска не започна гласањето за доверба на Владата, а пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи, не се појави во Собранието.

„Денес во Македонија се погази демократијата и се киднапираше пратеник. Ова најкриминоген режим на просторот на Европа, им се одземаа мобилни телефони на пратеници, се чуваа пратеници во кабинети… Криминалниот режим по секоја цена сака да остане на власт“, рече Николоски и додаде дека најбрзото и наједноставно решение од оваа криза се брзи предвремени избори во најкус можен рок.

„Власта од денеска има 59 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ има 60 пратеници и има еден киднапиран пратеник кој се надевам дека ќе биде брзо ослободен“, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека вечерва го напуштаат Собранието и рече дека остава на власта што ќе прави со иницијативата за гласање доверба во Владата.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во паника за да ја зачува фотелјата во СДС ја турка партијата кон бездна

Обилни врнежи во Македонија, дождот преминува во снег и во градовите

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран