Утрински Весник
Свет

Шведскиот премиер поденесе оставка

Шведскиот премиер поденесе оставка

Шведскиот премиер Стефан Лофвен денеска поднесе оставка и најверојатно ќе биде наследен од министерката за финансии, Магдалена Андерсон.

Лофвен, поранешен заварувач и синдикален преговарач, ја предводеше малцинската коалиција од 2014 година и на почетокот на годинава најави дека ќе се повлече пред следните избори, закажани за септември 2022 година, пренесува АФП.

Ако Андерсон стане премиерка, таа ќе биде првата жена на чело на шведска влада. Нејзе ќе и треба поддршка од фрагментираниот парламент за да ја преземе премиерската функција.

Таа мора да биде поддржана од Зелените, коалиционен партнер на социјалдемократите, левицата и центарот, кои се надвор од владејачката коалиција, но генерално ги поддржуваат предлозите на владата. Лофвен ќе ја предводи преодната влада додека не се избере нов премиер.

Во јули, шведскиот парламент го реизбра социјалдемократот Стефан Лофвен за премиер, кој поднесе оставка еден месец претходно, откако го загуби гласањето за доверба.

Можете да прочитате

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Крајно неизвесни избори во Хондурас: Кандидатот на Трамп премина во водство, опонентот тврди дека е направена измама

Американската војска уби четири лица во најновиот напад врз брод за шверц на дрога