Утрински Весник
Македонија

Жител на Свети Николе осомничен за илегално производство на марихуана

Жител на Свети Николе осомничен за илегално производство на марихуана

Штипското Основно јавно обвинителство ќе почне истражна постапка против жител на Свети Николе за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Имено, постои основано сомнение дека осомничениот оваа година на земјоделска површина во селото Стањевци неовластено произвел марихуана.

Во октомври тој ја набрал, ја исушил и ја чувал во куќата во сопственост на татко му. На 7 ноември, при претрес на куќата во Стањевци и помошните простории, полициски службеници пронашле вкупно 834 грама марихуана во повеќе пакувања, како и семки што потекнуваат од растението канабис.

По предлог на јавен обвинител, Основниот суд во Штип на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена.​​

Можете да прочитате

Лукаревска: Бараме итна надзорна расправа за Алта банка и одговорност за измамата на граѓаните

Бомби, пиштол и дрога најдени кај 33 годишен скопјанец

ИЈЗ до родителите: Не ја одложувајте МРП вакцината, проверете дали децата ги примиле потребните дози