Утрински Весник
Македонија

Приведена скопјанка, уценувала маж со компромитирачки материјали

Приведена скопјанка, уценувала маж со компромитирачки материјали

Скопјанка уценувала маж дека ако не ѝ даде пари ќе објави фотографии и видео со компромитирачка содржина на социјалните мрежи.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.К.(31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“, казниво по член 259 од Кривичниот законик. Таа се сомничи дека го уценувала Д.И.(59) од Скопје дека на социјалните мрежи ќе објави фотографии и видео материјал со компромитирачка содржина доколку не ѝ даде пари.

По преземени мерки од полициски службеници при СВР Скопје во координација со Основното јавно обвинителство Скопје Џ.К. била лишена од слобода и кај неа биле пронајдени дел од парите што ги добила од оштетениот.

Можете да прочитате

Израел ќе учествува на Евровизија 2026

Како всушност функционира системот „Безбеден град“, што ќе се казнува и како ќе се казнуваат странски државјани

Мицкоски: Годинава првпат петтоцифрена бројка на номинален БДП по глава на жител од 10.500 долари