Утрински Весник
Свет

Птичји грип се шири низ Европа – Франција во состојба на готовност

Птичји грип се шири низ Европа – Франција во состојба на готовност

Француската влада ја стави целата земја во состојба на готовност поради птичји грип, бидејќи вирусот се шири низ Европа, соопшти Министерството за земјоделство.

Овој потег ќе го прошири барањето да се чуваат стадата живина во затворени простории, мерка што е во сила во некои области од септември, пишува „Ројтерс“.

„ Од почетокот на август, 130 случаи на птичји грип се откриени кај диви животни или на фарми во Европа“, се вели во соопштението, додавајќи дека се идентификувани три случаи меѓу живината во североисточна Франција.

„ Затоа ќе се спроведат засилени превентивни мерки за заштита на живинарските фарми“, се додава во соопштението.

Холандските власти минатата недела им наредија на комерцијалните фарми да ги задржат сите стада внатре откако една фарма пријави птичји грип.

Можете да прочитате

Рускиот „Гаспром“ мора да плати 1,37 милијарди долари на украинскиот „Нафтогас“

Виетнам ја укина смртната казна за осум вида кривични дела

Анкета на ЈуГов: Реформската партија на Најџел Фараж е најсилната во Велика Британија