Утрински Весник
Свет
Img 7972

Британска студија: Веројатноста невакцинираните да умрат од Ковид-19 е 32 пати поголема од вакцинираните

Британска студија: Веројатноста невакцинираните да умрат од Ковид-19 е 32 пати поголема од вакцинираните
Img 7972

Веројатноста невакцинираните луѓе да умрат од Ковид-19 е 32 пати поголема во споредба со луѓето вакцинирани со две дози, покажаа резултатите од новата британска студија.

„ Стапката на смртност од ковид е значително помала кај оние кои се вакцинирани со две дози во споредба со оние кои се вакцинирани со една доза или воопшто не се вакцинирани“, соопшти Британското национално биро за статистика (ONS).

Во истражувањето и анализата на ONS биле користени стапките на смртност приспособени според возраста, кои ги земаат предвид разликите во возраста и бројот на членовите на возрасните групи, за да се добие валидна споредба на различни вакцинирани и невакцинирани групи.

Резултатите покажале дека во периодот од 2 јануари до 21 септември годинава стапката на смртност кај невакцинираните била 849,7 на 100.000 жители, јавуваат англиските медиуми.

Меѓу вакцинираните со две дози, стапката била само 26,2 на 100.000 луѓе, а за оние кои биле вакцинирани со една доза, стапката била 105,3.

„ Ова се убедливо најдобри достапни податоци за ефикасноста на вакцините и спречување на најтешките исходи од ковид“, вели д-р Питер Инглиш, поранешен советник на националното тело за контрола на заразни болести.

Тој додаде дека вакцините не се 100% ефективни, па некои ќе се заразат или ќе умрат иако се вакцинирани.

„ Но, важна порака од ова истражување е дека вакцината е многу ефикасна против смртта од Ковид-19. Имате 32 пати помали шанси да умрете од ефектите на ковид ако сте вакцинирани, а една доза ви дава одредено ниво на заштита, иако не како заштитата од две дози“, истакна тој.

Можете да прочитате

Хамас објави крај на војната во Појасот Газа

Гутереш: ОН подготвени да дејствуваат во Газа

Нобеловиот комитет во понеделникот го одржа последниот состанок пред објавата на добитникот на наградата за мир