Утрински Весник
Свет

(Видео) Четиригодишно девојче кое исчезна пред две недели во Австралија, пронајдено е живо

(Видео) Четиригодишно девојче кое исчезна пред две недели во Австралија, пронајдено е живо
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Четиригодишно девојче кое исчезна од камп во Австралија пред повеќе од две недели е безбедно и е вратено кај родителите.

Според надлежните, полицијата го пронашла девојчето во една куќа, каде рано утринава упаднала во Карнарвон, град на околу 100 километри јужно од кампот и ја пронашла малата Клио Смит во една од собите, јавува „Ројтерс“.

„ Еден од полицајците ја зеде во раце и ја праша „како се викаш, а таа рече дека се вика Клио“, изјави за локалната телевизија заменик полицискиот комесар на Западна Австралија Кол Бланш и потврди дека еден маж е приведен.

Клео последен пат беше видена во шаторот на нејзиното семејство околу 1:30 часот по локално време на 16 октомври, во оддалечениот камп Блаухолс Сакс во Меклаод, околу 900 милји северно од Перт, главниот град на Западна Австралија.

https://www.youtube.com/watch?v=F3cQQu0YGXg

Австралиската полиција се посомневала дека девојчето е киднапирано и понуди награда од еден милион австралиски долари (743.000 долари) за каква било информација што би довела до пронаоѓање на малата Клио.

Можете да прочитате

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД

Руската пошта ја прекинува копнената достава до балтичките држави, Словенија и Хрватска

Израел ќе потроши 110 милијарди долари за оружје во следната деценија, наведуваат израелските медиуми