Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Османи-Рутен: Европскиот парламент во континуитет дава принципиелна поддршка

Османи-Рутен: Европскиот парламент во континуитет дава принципиелна поддршка
Img 7972

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се сретна со европратеникот Тијс Рутен (Групата на социјалисти, Холандија), кој престојува во работна посета на земјава.

На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања во контекст на европскиот интегративен процес на Северна Македонија, перспективите за отпочнување на пристапните преговори, а стана збор и за последните внатрешно-политичките случувања.

Османи посочи дека Европскиот парламент во континуитет дава принципиелна поддршка во однос на европската перспектива на Северна Македонија, при што изрази очекување дека оваа поддршка ќе продолжи и во иднина.

Соговорниците, покрај актуелните политички случувања во нашата земја, разговараа и за билатералната комуникација со Бугарија во напорите за надминување на блокадата на преговарачката рамка, за регионалната динамика и за добрососедските односи.

Европратеникот Тијс Рутен ја реафирмираше поддршката и позитивно ги оцени реформските резултати на Владата, што е констатирано во последниот Извештај на Европската комисија, како и активниот придонес на земјата во унапредувањето на регионалната соработка и добрососедските односи.

Можете да прочитате

На Попова Шапка уште снежи, првиот снег целосно ја прекри областа на Шара

Два дена пред изборниот молк – Уставниот суд ќе расправа за исклучувањето на Левица од рекламирање

Газдата на „Дурмо турс“ и уште еден обвинет се уште не се во затвор оти имале проблеми со тестисите