Утрински Весник
Македонија

Заеднички гранични контроли и на границата со Албанија

Заеднички гранични контроли и на границата со Албанија

Владата денеска го утврди Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Албанија за воспоставување на заеднички гранични премини според концептот на заеднички гранични контроли.

Според текстот на законот, станува збор за гранични контроли со едно застанување (One-stop shop), и поедноставени постапки, кои се спроведуваат на еден заеднички граничен премин.

Концептот на заеднички гранични контроли и поедноставени постапки на единствен граничен премин води кон забрзување и поедноставување на протокот на граничните премини.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија за профит, ископување антимон е опасно и мора да се прашаат граѓаните

Левица: ДПМНЕ панично си го мери опаѓачкиот рејтинг со народни пари – над еден милион евра за анкети и владина пропаганда

Здруженијата на пензионери – демократски организации или затворен систем?