Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

„Ова е тажно“ – израелската министерка во инвалидска количка не можеше да влезе на самитот во Глазгов

„Ова е тажно“ – израелската министерка во инвалидска количка  не можеше да влезе на самитот во Глазгов
Img 7972

Израелската министерка Карин Елхарар, која користи инвалидска количка, вчера не можеше да присуствува на самитот за климата во Глазгов, бидејќи пристапот до местото на конференцијата не беше достапен за инвалидски колички.

Елхарарова на својот Твитер напиша дека „тажно е што ОН не обезбедуваат пристап до нивните настани“.

Оваа функционерка во делегацијата на израелскиот премиер Нафтали Бенет потврди дека е испратена официјална нота до организаторите на самитот, а премиерот Бенет најави дека нема да присуствува на денешните настани доколку Елхарар не може да присуствува на самитот.

Британскиот амбасадор во Израел Нил Виган на својот Твитер профил напиша дека „длабоко и искрено“ и се извинува на министерот.

„Сакаме самит на кој сите се добредојдени и отворени за сите“, напиша тој.

Можете да прочитате

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха

Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната