Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Меркел: Гасот ќе има централна улога во енергетската транзиција

Меркел: Гасот ќе има централна улога во енергетската транзиција
Img 7972

Германската канцеларка Ангела Меркел го поздрави договорот постигнат за време на самитот на Г20 да се запре финансирањето за изградба на нови електрани на јаглен во странство. Таа истакна дека гасот ќе има клучна улога во овој процес на транзиција.

„Кина направи значаен чекор, на кој се приклучија и други земји. Преминот кон други извори на енергија ќе биде значително побрз. Од наша гледна точка, природниот гас мора да има значајна улога во овој процес“, нагласи Меркел по средбата во Рим.

Според неа, овој процес ќе биде од големо значење за Африка, на која ќе и треба „разумно финансирање, вклучително и во областа на природниот гас“.

Генерално, Меркел ги пофали резултатите од самитот. Средбата, рече таа, се одржала во добронамерна и конструктивна атмосфера.

„Можам да кажам дека е постигнато многу. Самитот, според мене, заврши успешно“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

Можете да прочитате

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха

Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната