Утрински Весник
Спорт

Хајдук го отпушти тренерот Густафсон

Хајдук го отпушти тренерот Густафсон

Фудбалскиот клуб Хајдук од Сплит ја раскина соработката со шведскиот тренер, Јенс Густафсон.

Хајдук нема победа на последните четири натпревар во првенството на Хрватска. Вчера, Хајдук доживеа пораз на гостувањето кај Славен Белупо (3:2).

Клубот од Сплит, на табелата се наоѓа на четвртото место, со шет бода помалку и натпревар повеќе од лидерот Динамо Загреб.

Густафсон од 28.мај до вчера го предводеше Хајдук на 17 натпревари. Под негово водство Хајдук победил девет пати, три пати играл нерешено и забележал пет порази.

Клубот најави дека до крајот на неделава ќе го објави името на новиот тренер.

> Хајдук го отпушти тренерот Густафсон <

Можете да прочитате

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“

Шевченко: Ќе се обидеме да освоиме едно од првите три места

САД не одобрија визи за дел од стручниот штаб на Иран пред СП