Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Америка ги обучува тајванските војници, потврди претседателката на Тајван

Америка ги обучува тајванските војници, потврди претседателката на Тајван
300x250 opst2

Мал број американски војници во Тајван обучуваат тајвански војници, изјави претседателката Цаи Инг-вен во интервју за Си-Ен-Ен, потврдувајќи го присуството на американските сили на островот со сопствена самоуправа што Кина ја смета за своја.

Тензиите меѓу Тајван и Кина, кои не ја отфрлија можноста за насилно преземање на островот, ескалираа во последните недели, бидејќи Пекинг го засили воениот и политичкиот притисок.

„Имаме широк опсег на соработка со Соединетите Американски Држави за зајакнување на нашите одбранбени способности“, рече Цаи.

На прашањето колку американски војници се распоредени во Тајван, таа одговори дека „нема толку многу колку што мислат луѓето“.

Потврдата беше издадена бидејќи Кина значително го зголеми воениот притисок врз Тајван, вклучително и мисиите на кинеските борбени авиони во зоната за идентификација на воздушната одбрана на Тајван.

Иако неколку тајвански и меѓународни медиуми, претходно објавија за таква обука со американските сили, официјалната потврда може дополнително да ги влоши американско-кинеските односи во време кога Пекинг спроведува воени вежби заедно со Тајван, се анализира во новинарските написи.

Според медиумите во светот, запрашан за коментар на тајванската претседателка, тајванскиот министер за одбрана Чиу Куо-ченг пред новинарите изјави дека тајванско-американските воени интеракции биле чести и траеле долго време.

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа