Утрински Весник
Македонија

Шилегов: Данела Арсовска продолжува да ја лаже јавноста за бугарското државјанство

Шилегов: Данела Арсовска продолжува да ја лаже јавноста за бугарското државјанство

Имав прилика денеска да ги видам информациите во медиумите и искрено многу непријатно се изненадив, коментира актуелниот градоначалник на Скопје и кандидат за втор мандат, Петре Шилегов, по објавата на СДСМ дека неговата опонентка Данела Арсовска имала бугарско државјанство.

„Не толку поради фактот дека има бугарско државјанство, за кое ако сакате да го добиете треба да се изјасните како Бугарин/Бугарка. Како се чувствува по националност и зошто и како земала државјанство, тоа е нејзина работа. Но она што ме загрижува мене, а верувам и сите скопјани е прво, зошто не ја кажува вистината во јавноста и второ зошто продолжува да ја лаже јавноста околу овој очигледен факт. Прашањето е за што уште не ја кажувала вистината и за што уште што кажа во кампањата е лага? Скопјани секако не заслужуваат ваков третман од некој кој претендира да биде градоначалник, очигледно Арсовска е склона кон криење на факти од јавноста. Сериозно се доведува во прашање нејзиниот интегритет и чесност како можен градоначалник на Скопје. Тоа е клучното прашање кое сега треба да си го постават и граѓаните и медиумите“, вели Шилегов.

Можете да прочитате

Секое застанување на булевар на „пет минути“ ќе се санкционира, вели Топаловски

Мицкоски: И утре да ги внесеме Бугарите во Устав, прашање е само дали за 3, 6 или за 9 месеци ќе имаме нов услов

УХМР издаде „жолт хидроаларм“: Поплави и излевање на реки можни во пола Македонија