Утрински Весник
Свет

Уапсен поранешниот директор за национална безбедност на Црна Гора

Уапсен поранешниот директор за национална безбедност на Црна Гора

Припадници на специјалната полиција во Црна Гора утрово го уапсија поранешниот директор за национална безбедност, Дејан Перуничиќ.

На телевизијата „Вијести“ од безбедносни извори ѝ е потврдено дека Перуничиќ е уапсен во рамките на истрагата што ја започна Специјалното државно обвинителство, откако синоќа беше пронајден уред за прислушување во канцеларијата на главниот специјален обвинител Миливоје Катниќ.

Во врска со овој случај, Специјалното државно обвинителство денеска напладне ќе одржи прес-конференција на која ќе соопшти повеќе детали.

Се очекува да биде објавено што утврдило Специјалното државно обвинителство во случајот со самоубиството на поранешниот таен полицаец Лука Булатовиќ. Засега, овие два случаи не се поврзани.

Можете да прочитате

Израелски министер повторно се закани со уништување на Газа

„Алибаба“ претстави нов чип за вештачка интелигенција и најави значително поголем модел

Светските лидери се собираат во Њујорк: Војните, климата и вештачката интелигенција пред Обединетите нации