Утрински Весник
Свет

Во тек е потрага по убиецот, кој отсече глава на човек во Франција

Во тек е потрага по убиецот, кој отсече глава на човек во Франција

Во тек е обемна полициска акција за потрага по сторителот на бруталното злосторство во францускиот град Болен.

Во стан е пронајден постар маж, чија глава била отсечена, а како што пренесоа француските медиуми, за нападот е осомничен неговиот внук.

Полицијата го предупреди локалното население дека напаѓачот е опасен и дека треба веднаш да ја извести полицијата доколку го види.

Полицијата објави фотографија од осомничениот за ова убиство и наведе дека се работи за лице на околу 37 години кое било вооружено со нож.

Полицијата ја отфрли можноста ова убиство да е поврзано со тероризам. Во потрагата по осомничениот се вклучени полициски специјалци и хеликоптер.

Можете да прочитате

За денеска низ САД најавени масовни протести против Трамп

Голем антидесничарски протест во Лондон

Еден месец од нападот врз Иран, до каде се целите на Трамп?