Утрински Весник
Македонија

Движењето Беса: Владината коалиција е стабилна

Движењето Беса: Владината коалиција е стабилна

Движењето БЕСА во првиот круг од изборите успеа да ги исполни очекувањата поставени од Изборниот штаб на партијата и нормално во вториот круг како апсолутни фаворити влегуваме во општините Тетово и Желино, велат од оваа партија.

Тие во своето соопштение имформираат дека владината коалиција е стабилна без разлика, што како што велат, на многу места во вториот круг се натпреварувале меѓу себе.

„Владиното мнозинство е стабилно и работи исклучиво во интерес на граѓаните. Напредокот на земјата е нашата највисока заедничка цел. Движењето БЕСА е дел од стабилното владино мнозинство“, стои во нивното соопштение.

Додаваат дека Северна Македонија продолжува напред со стабилна Влада по демократскиот и европскиот пат.

Можете да прочитате

Гранка од топола усмрти 77 годишен радовишанец

Николоски на средба со европратеници: Европската перспектива останува стратешки приоритет за Македонија 

Малолетници нападнале, соблекле и снимале прваче во соблекувална на училишна спортска сала во Кочани