Утрински Весник
Македонија

Се укинува ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти

Се укинува ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти

Владата на денешната редовна 113-та седница, меѓу другото, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, усвои измени и дополнувања на ковид протоколите за работата на угостителските објекти (кафетерии и објекти за исхрана).

Со овие измени и дополнувања се укинува ограничувањето на максимално дозволениот број на лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите, како во отворените така и во затворените делови на овие угостителски објекти.

Дополнително е усвоена и измена на ограничувањето на исполнетоста на капацитетите на овие угостителски објекти, односно ограничувањето на бројот на гости во затворениот дел од објектот, како и во отворениот дел е до најмногу 50% искористеност на капацитетот на објектите.

За угостителските објекти за организирање прослави, веселби и свадби, остануваат во сила постојните мерки и протоколи.

Можете да прочитате

Мицкоски за изјавата на Меџити: Не може да биде разумна и праведна војна, а од заседа да се убиваат припадници на МВР и МО

Невидена партизација во тек, единствениот пат до вработување е или преку партија или преку граница, велат од СДСМ

ВЛЕН: Ревизорските извештаи откриваат незаконско работење на Бујар Османи