Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Мјанмар ќе ослободи од затвор илјадници затворени за протестите против Владата

Мјанмар ќе ослободи од затвор илјадници затворени за протестите против Владата
Img 7972

Мјанмар ќе ослободи од затвор повеќе од 5.636 лица уапсени за учество во протестите против владејачката хунта, објави државната телевизија, преку која водачот на хунтата, генерал Мин Аунг Хлаинг, рече дека владата работи за мир и враќање на демократијата.

Амнестијата е донесена од хуманитарни причини, се вели во соопштението и се обвинуваат илегалните опозициски групи за поттикнување немири.

Шефот на воената хунта во Мјанмар и извршителот на државниот удар Мин Аунг Хлаинг ја бранеше улогата на неговата воена влада, за која вели дека се обидува да воспостави ред и мир, и ја обвини опозицијата за насилство.

Во телевизиско обраќање, водачот на државниот удар повтори дека хунтата презема чекори во процесот за враќање на демократијата, но дека за некои од барањата на специјалниот пратеник на АСЕАН не може да се преговара.

Тоа е прва реакција на Мин Аунг Хлаинг по вчерашната одлука на АСЕАН да го исклучи од самитот од 26 до 28 октомври, на кој наместо него покани „аполитички претставник“ на Мјанмар.

Можете да прочитате

Јужноафриканскиот амбасадор во Франција пронајден мртов пред хотел во Париз

(Видео) Ураган ја поплави Ибица: Водата однесе автомобили, луѓето заробени во куќите

Трамп: Хамас има три или четири дена да одговори на понудата за мир во Газа