Утрински Весник
Македонија

Скопјанец уфрлил само едно ливче во кутијата, останатите три ги искинал

Скопјанец уфрлил само едно ливче во кутијата, останатите три ги искинал

Претседателката на гласачкото место 2662 на улицата „Антон Попов“ во скопската полиција пријавила дека околу 12.45 часот, М.П.(36) при остварување на право на глас од четири ливчиња, само едно ставил во гласачка кутија, додека другите ги скинал и ги оставил на пултот за гласање.

За тоа бил известен присутен полициски службеник, по што лицето е лишено од слобода и приведено во полициска станица.

По извршени консултации со јавен обвинител, утврдено е дека постојат основи на сомнение за извршено кривично дело уништување на изборен материјал.

Можете да прочитате

Од затвор итно во болница: Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски

Сериозен инцидент во Галичник: Загрозен резервоар со вода за пиење

Двајца кумановци на 75 и 76 години се степале – едниот тешко повреден