Утрински Весник
Свет

(Видео) Бездомник среде бел ден се обиде да киднапира тригодишно девојче во Њујорк, ја спасиле минувачи

(Видео) Бездомник среде бел ден се обиде да киднапира тригодишно девојче во Њујорк, ја спасиле минувачи

Тригодишно девојче речиси беше киднапирано среде бел ден од бездомник во населбата Бронкс во Њујорк, пишува „Дејли Меил“.

Шокантниот настан е снимен од надзорна камера, а на видеото се гледа како скитникот им приоѓа на деца и киднапира девојче кое шетало со нејзината баба и двајца браќа.

Бабата веднаш почна да трча по човекот што го зема девојчето, а другите две деца останaa со ужас да гледаат што се случува.

За среќа, во близина имало неколку храбри минувачи кои виделе што се случило. Човек кој полнел гориво на бензинска пумпа во близина, го исплашил киднаперот, па тој го пуштил детето и побегнал со скутер.

„ Само ја чистев улицата кога помина таа жена со три деца. Одеднаш им пријде маж, фрли ќебе над девојчето и избега со неа во рацете. Потоа, неколкумина од нас се вклучија и киднаперот го ослободи детето“ изјавил Фермин Брасеро (63), кој исто така се нашол на местото на настанот.

Набргу по инцидентот, полицијата го пронашла 27-годишниот бездомник Сантијаго Салсед, како спие покрај врата. Тој е уапсен и обвинет за киднапирање, обид за киднапирање и загрозување на безбедноста на децата.

Овој, за среќа неуспешен, обид за киднапирање е дел од севкупното зголемување на насилните злосторства извршени од бездомници, имајќи предвид дека нивниот број во Њујорк се зголеми за 103 проценти во изминатата деценија и продолжи да расте поради кризата со коронавирусот.

Во последните неколку години, бројот на бездомници во Њујорк ги надмина податоците од времето на Големата депресија во 1930 -тите, објави хуманитарната организација Колик за бездомниците од Њујорк. Во август 2021 година, 47,979 бездомници, вклучувајќи 14,881 деца, спиеле во засолништата за бездомници во градот Њујорк.

Коалицијата за бездомници предупредува дека овие податоци се однесуваат само на бездомниците во засолништата, додека вкупниот број бездомници што лутаат по улиците и подземната железница на градот воопшто не е познат.

Можете да прочитате

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас

Израел ги нападна Хутите во Јемен