Утрински Весник
Македонија

Неколку лица тешко повредени кога возило излета од коловоз на булеварот Словенија во Скопје

Неколку лица тешко повредени кога возило излета од коловоз на булеварот Словенија во Скопје

Ноќеска после полноќ односно во 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Словенија“ во близина на крстосницата со ул.„Македонска Косовска бригада“ и бул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(47) од Скопје, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Е.А.(23) од Скопје, а со телесни повреди се здобила уште една сопатничка Е.И.(25) од Скопје констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Македонија меѓу најуспешните во светот во намалување на смртноста кај новороденчињата

Делегација на ТХП во посета на Истанбул

Неработен ден утре по повод Рамазан Бајрам