Утрински Весник
Македонија

Лични карти можат да се подигнат и во сабота и недела

Лични карти можат да се подигнат и во сабота и недела

Во пресрет на претстојните локални избори што ќе се одржат во недела на 17 октомври, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР (Куманово, Штип, Велес, Струмица, Битола, Охрид и Тетово) на 16.10., сабота, ќе работат на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08 до 16 часот.

Истовремено и Одделението за управни работи Скопје во објектот на МРТВ во сабота, 16 октомври, ќе работи на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08 до 16 часот.

Во недела, пак, на 17.10., сите наведени надлежни организациони единици ќе работат само на издавање на изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 07 до 19 часот, вклучувајќи ги и дисперзираните пунктови во ОУР Скопје (Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево).

Можете да прочитате

Д-р Лилјана Ристевска избрана за прва жена претседател на Црвениот крст на Македонија

СДСМ: Нема пари за земјоделците – Владата на Мицкоски им должи 70 милиони евра

Речиси илјада бесправно изградени објекти за една година – 96 отсто се во приватна сопственост