Утрински Весник
Спорт

Почина поранешната ракометарка на Кометал и Вардар Јулија Николиќ

Почина поранешната ракометарка на Кометал и Вардар Јулија Николиќ

Тажна вест утрово ја потресе ракометна Македонија. На 38-годишна возраст, од непознати причини, почина поранешната репрезентативка, Јулија Николиќ (порано Портјанко).

Јулија Николиќ, во Македонија пристигна во 2003 година во Кометал Ѓорче Петров. Дресот на Кометал го носеше шест години, а потоа играше за Ушкудур, Арвор и Звезда Звенигород.

Во Македонија се врати во 2013 година, последните две години во кариерата ги мина во Вардар.

Николиќ настапуваше и за македонската репрезентација. Последен пат дресот на Македонија го носеше на Европското првенство во 2012 година.

> Почина поранешната ракометарка на Кометал и Вардар Јулија Николиќ <

Можете да прочитате

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона

Вардар ја пречекува Висла во обид да дојде до првите бодови сезонава во ЛШ

Ајкула, заробена во крајбрежен парк во Јужна Кореја, не сака да си замине, стана вистинска туристичка сензација