Утрински Весник
Свет

Уапсена е жена која лажирала анкети за Себастијан Курц

Уапсена е жена која лажирала анкети за Себастијан Курц

Во Австрија е уапсена Забина Бејншаб, која го фалсификуваше истражувањето во корист на партијата ОВП на Себастијан Курц, пренесуваат австриските медиуми.

Поранешната асистентка на поранешната министерка Софи Карманис е обвинета за фалсификување на истражувања во корист на Курцовата народна партија на Австрија (ОВП), а потоа истото го објавувала за пари во бесплатни весници.

Весникот „Кронен цајтунг“ пишува дека Бејншаб е уапсена, и дека таа е клучна личност во аферата околу Курц во врска со лажните анкети за јавното мислење.

Во своето истражување, Курц отсекогаш бил прикажуван особено позитивно, додека неговиот противник во борбата за функцијата шеф на партијата , Рајнхолд Митерленер, бил прикажан негативно.

Истражните органи се одлучија за предвремено апсење поради опасност од прикривање на доказите, бидејќи Бејншаб, непосредно пред претресот во нејзиниот стан, го избришала хард дискот од нејзиниот компјутер.

Апсењето дојде точно на денот кога првите истраги по падот на Курц покажаа драматичен пад на неговата партија.

Можете да прочитате

Чешката опозиција оствари успех на изборите за Сенатот

СЗО соопшти дека сè уште чека од Русија информација за дијагнозата на починатата жена, за која има сомнежи дека била заразена со белодробна чума

Најмалку 12 загинати и стотици повредени во нападот врз аеродромот во Ријад, осуда од САД и ОН