Утрински Весник
Македонија

Петровска претстави решение за проблемот со депонијата Вардариште

Петровска претстави решение за проблемот со депонијата Вардариште

Кандидатката за градоначалник на Скопје, Ана Петровска, денеска порача дека заедно со граѓаните на Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода ќе се бори за санација на поранешната депонија на Скопје, Вардариште.

Таа посочи дека веќе 25 години сите градоначалници на Скопје си ја предаваат оваа локација како жежок костен, без да се зафатат со решавање на проблемот.

„Вардариште е небранета територија од 20 хектари на левиот брег на Вардар, на која се уште незаконски се депонира градежен шут, на повеќе локации неформални собирачи селектираат отпад и палат кабли, мебел и отпадни гуми, за да дојдат до метал, кој потоа преку посредници се продава во отпади што имаат дозвола. Од горењето се ослободуваат канцерогени емисии што ги загрозуваат жителите на Гази Баба и Аеродром, но и самите собирачи. Неформалните собирачи се воглавно социјално ранливи лица без лични карти, кои живеат од отпадот што го наоѓаат, или што вработените во Комунална хигиена им го оставаат пред претоварната станица на Вардариште“, посочи Петровска.

Според неа, решението е најпрво да се оградат и да се постават рампи на пристапите кон ѓубриштето, а во меѓувреме да се изработи техничка документација и да се обезбедат пари за санација и рекултивација и да се отпочнат градежните работи

„Луѓето кои живеат од собирање и горење на отпадот, треба да добијат привремени лични карти и живеалиште и да се вклучат фомално во селекција и компостирање на отпадот на претоварната станица. Казни треба да има за оние што незаконски постапуваат со отпаден метал“, нагласи кандидатката за градоначалник.

Можете да прочитате

ДОМ: Данок за немажени и неженети е спротивен на Уставот и даночната правда

Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз – Костадинов нема да се кандидира како независен за Струмица

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР