Утрински Весник
Македонија

Лашкоска: Со Зоран Заев, дното веќе одамна е пробиено

Лашкоска: Со Зоран Заев, дното веќе одамна е пробиено

Со Зоран Заев, дното веќе одамна е пробиено. Со неговите говори, вулгарни зборови и гестикулации кои не доликуваат никако на Премиер, а се дел од неговата секојдневна комуникација тој е навреда и срам за секој човек во Македонија! Зоран Заев е човекот благодарение на кој доживеавме целосно понижување како народ. Човекот кој за својата фотеља и за полнење на џебот на мафијата ни ја менува и распродава историјата од час во час!, изјави на денешната прес-конференција Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Токму тој, Зоран Заев, за кој знаеме дека не знае што е срам, денес решил директно да дојде, во очи да не гледа и да не понижува нас, прилепчани! Г-дине Зоран Заев, за човек без срам и чувство не е ни чудно што си дозволува вечер, на одбележувањето на 80 години од започнувањето на антифашистичкото востание и НОБ да дојде да се обрати од Прилеп на прилепчани и на целиот народ во Р. Македонија. Истиот Зоран Заев,кој со месеци не убедува дека бугарскиот фашистички окупатор, против кој на 11 Октомври 1941г. пукнала првата пушка, не бил окупатор, ами администрација во Прилеп и Македонија“, рече Лашкоска.

„Г-дине Заев, Участакот, или Меморијалниот музеј 11-ти Октомври пред кој вечер ќе се обраќате, а е целосно реновиран и реконструиран од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, бил бугарски затвор и со негов напад, со испукување на првата пушка од прилепчанецот Душко Наумоски,токму против бугарскиот фашистички окупатор започнала НОБ од Прилеп. Прилеп и прилепчани нема да Ви дозволиме да ни ја менувате, да ни ја бришете историјата. Оти народ без историја, нема своја иднина. А историјата е толку богата и не опоменува што никако не можете да ја промените,колку и труд да вложувате“, додаде пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

ЦУК: На бројот 112 во изминатото деноноќие 1697 повици, се гаселе девет пожари на отворен простор

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме

Средба на министерот Муцунски со Комесарот за трговија на Обединето Кралство, Крис Бартон