Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Кандидат за градоначалник на Новаци се обидел да удри полицаец со автомобил и незаконски снимал спот на стадион

290 казни за брзо возење
300x250 opst2

Кандидат за градоначалник на општина Новаци се обидел со автомобил да удри полицаец, додека се движел кон стадион за да снима спот. Од друга страна, пак, тој пријавил во полиција дека бил спречен да снима спот од страна на возачот на актуелниот градоначалник на Новаци и еден полицаец.

Според информациите од МВР, вчера В.Н.(50), кандидат за градоначалник на општина Новаци, пријавил дека околу 10.30 часот од возачот на актуелниот градоначалник и В.Б.(46), полициски службеник во СВР Битола, бил спречен да замине во село Новаци и да снима спот на стадионот во селото.

Според пријавеното, додека се движел со автомобил, двете лица со возило му свиреле и се обиделе да го престигнат, но тој не застанал. Во врска со настанот во 11.30 часот во СВР Битола, возачот пријавил дека околу 10 часот, додека преземале службени дејствија, В.Н., кој бил со возило, не застанал и продолжил со движење.

Како што е пријавено, на ул.„Филип Втори Македонски“ со возилото се обидел да удри полициски службеник.

Околу 12.40 часот, В.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во врска со истиот настан, во 15.05 часот во СВР Битола, Т.К., претседател на ФК „Новаци“ пријавил дека кандидатот за градоначалник В.Н. неовластено влегол во стадионот на ФК „Новаци“ да снима спот.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?