Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Со показна вежба заврши обуката на единицата „Тигар“ спроведена од италијанските карабинери

(Видео) Со показна вежба заврши обуката на единицата „Тигар“ спроведена од италијанските карабинери
Img 7972

Завршна показна вежба на припадниците на САЕ „Тигар“ во рамки на проектот ИПА 2016 „Јакнење на координативните капацитети за превенција и борба против насилен екстремизам и тероризам“

Проблематиката на насилниот екстремизам и тероризам како прилично чувствителна, сега веќе глобална, а не само национална закана, дополнително бара зголемување на институционалните напори во квалитетно спротивставување, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на завршната показна вежба од едномесечната обука на припадниците на специјалната единица „Тигар“, спроведена од страна на специјалната единица за интервенции на италијанските карабинери, а во рамки на проектот ИПА 2016 „Јакнење на координативните капацитети за превенција и борба против насилен екстремизам и тероризам“.

На вежбата во полицискиот центар ,,Ѓорче Петров“, покрај раководството на МВР, присуствуваа и италијанскиот амбасадор, Андреа Силвестри, претставници од Делегацијата на Европската Унија и други гости.

Во своето обраќање Спасовски потенцираше дека заедно со партнерите од ЕУ, Министерството за внатрешни работи постојано работи на севкупно институционално зајакнување.

„Навистина ме радува фактот што нашата полиција и натаму ужива огромна поддршка и кредибилитет кај нашите пријатели од ЕУ, исто како што радува фактот дека од наша страна правиме извонредни напори таквата позиција да биде заслужена и задржана“, нагласи Спасовски.

Италијанскиот амбасадор Силвестри рече дека станува збор за прв проект на ЕУ за превенција и борба против насилен екстремизам и тероризам имплементиран во Северна Македонија и на Балканот од страна на карабинерите.

Началникот на Одделот за специјални полициски операции, Бранко Трајановски и командантот на САЕ „Тигар“, Митко Даневски на припадниците на „тигрите“, им ги доделија сертификатите за успешно завршената обука министерот Спасовски на амбасадорот Силвестри му додели благодарница за поддршката и успешната соработка, додека пак директорот на БЈБ Сашо Тасевски му додели благодарница за поддршката и успешната соработка на Масимо Пани, претставник од Делегацијата на ЕУ во земјава.

Можете да прочитате

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села

Мицкоски: На овие избори бираме каде да се движи државата – одлуката не е едноставна

Филипче: Да не се проектите на СДСМ, Мицкоски нема ни каде да се слика, има нула инвестиции