Утрински Весник
Македонија

Заев-Мартин: Силната поддршка на Ирска е признание за нашиот придонес за деблокирање на проширувањето на ЕУ

Заев-Мартин: Силната поддршка на Ирска е признание за нашиот придонес за деблокирање на проширувањето на ЕУ

Претседателот на Владата Зоран Заев, во рамките на активностите на маргините на Самитот на ЕУ за Западен Балкан, се сретна со премиерот на Република Ирска, Мајкл Мартин.

На средбата, на која учествуваше и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, премиерот Заев истакна дека двете земји имаат блиски пријателски односи, но и отворени можности за нивно дополнително унапредување, особено во соработката на економски план.

Премиерот Заев како особено значајна ја оцени силната поддршка на Република Ирска за нашиот процес на европска интеграција како признание за нашиот придонес за деблокада на проширувањето на ЕУ, и му пренесе на премиерот Мартин дека Владата продолжува интензивно да работи на ова прашање.

Во насока на унапредување на меѓусебните односи, двајцата премиери се согласија да продолжи и да се интензивира соработката и преку размена на посети на високо ниво помеѓу Република Ирска и Република Северна Македонија со фокус на економската соработка.

Можете да прочитате

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините

Маж и жена прегазени на дивиот премин кај Бит Пазар

СДСМ: Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут”