Утрински Весник
Македонија

Арсовска од Шуто Оризари: Нереализирани ветувања го оставија Шуто Оризари во кал и без канализација, тоа се првите проблеми што ќе се решат

Арсовска од Шуто Оризари: Нереализирани ветувања го оставија Шуто Оризари во кал и без канализација, тоа се првите проблеми што ќе се решат

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва повторно е меѓу граѓаните и на теренската активност од врата на врата ја презентираше својата програма за модерно Скопје пред жителите од скопско Шуто Оризари.

Неасфалтирани и небезбедни улици, немање на соодветна комунална инфраструктура а граѓаните секојдневно газат по кал на улиците е сликата за општина Шуто Оризари која што ја раскажуваат тамошните жители.

„Недозволиво е во 21 век општина која што се наоѓа во главниот град да има неасфалтирани улици, луѓето да газат по кал, без водоводна и канализациона мрежа, нема тротоари и улиците не се безбедни ниту за возрасните, а уште помалку пак за децата. Едноставно, ова се проблеми кои треба да бидат оставени во минатиот век. И граѓаните со кои секојдневно се среќавам не бараат многу. Бараат нормални услови за пристоен живот како што заслужува секој еден граѓанин. И должност на секој градоначалник е да го овозможи тоа. Затоа уште од првиот ден после изборите ќе се зафатам со решавање на овие суштински проблеми. Скопје и скопјани немаат време за чекање уште четири години за некој да се сети на нив. Со брзи и ефикасни решенија Скопје ќе биде метропола како што секој од нас посакува и заслужува да живее во нејзе“, изјави Арсовска по средбата со жителите од Шуто Оризари.

Можете да прочитате

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата

Намалена видливост до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец

Исчезнат Македонец во Благоевград – Татко очајно бара помош