Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Митева: Кога СДСМ и ДУИ не може да се договорат се тепаат низ центарот на Скопје

(Видео) Митева: Кога СДСМ и ДУИ не може да се договорат се тепаат низ центарот на Скопје
300x250 opst2

Кога СДСМ и ДУИ ќе се договорат за 14 изгорени луѓе од Тетово, сложно велат дека виновен е кабелот, кога не може да се договорат за бизниси, физички се пресметуваат во центарот на Скопје како што беше случај со Бислимоски и синот на Џафери, посочи на денешната прес-конференција, Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.

„Загрижуваат постапките на насилство кои се случуваат во редовите на власта. Ваквиот чин на физичка пресметка ја покажува нервозата во редовите на власта и истата е срам за институциите“, рече Митева.

Таа потсети дека Марко Бислимоски е поранешен член на партиската комисија за енергетика во СДСМ, а Муса Џафери, чиј што син физички го нападна, е функционер во ДУИ.

„Ваквото дивеење среде главниот град е срам за државата. Обвинителство да ги повика, да кажат што делат или што множат двајцата од власта. Да се истражи не само чинот за физичка пресметка, туку и мотивите за истата“, побара портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

На Попова Шапка уште снежи, првиот снег целосно ја прекри областа на Шара

Два дена пред изборниот молк – Уставниот суд ќе расправа за исклучувањето на Левица од рекламирање

Газдата на „Дурмо турс“ и уште еден обвинет се уште не се во затвор оти имале проблеми со тестисите