Утрински Весник
Македонија

(Видео) Митева: Кога СДСМ и ДУИ не може да се договорат се тепаат низ центарот на Скопје

(Видео) Митева: Кога СДСМ и ДУИ не може да се договорат се тепаат низ центарот на Скопје

Кога СДСМ и ДУИ ќе се договорат за 14 изгорени луѓе од Тетово, сложно велат дека виновен е кабелот, кога не може да се договорат за бизниси, физички се пресметуваат во центарот на Скопје како што беше случај со Бислимоски и синот на Џафери, посочи на денешната прес-конференција, Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.

„Загрижуваат постапките на насилство кои се случуваат во редовите на власта. Ваквиот чин на физичка пресметка ја покажува нервозата во редовите на власта и истата е срам за институциите“, рече Митева.

Таа потсети дека Марко Бислимоски е поранешен член на партиската комисија за енергетика во СДСМ, а Муса Џафери, чиј што син физички го нападна, е функционер во ДУИ.

„Ваквото дивеење среде главниот град е срам за државата. Обвинителство да ги повика, да кажат што делат или што множат двајцата од власта. Да се истражи не само чинот за физичка пресметка, туку и мотивите за истата“, побара портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Пајак црна вдовица каснал жена во Велешко, итно префрлена на Токсикологија

Уапсен Македонец во Црна Гора: Баран за обид за убиство на член на Шкаљарскиот клан

Се планира таблетарната терапија за онколошките пациенти да не се дава исклучиво во болницата во Скопје, туку да се префрли во аптеките