Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Кривична пријава против синот на Муса Џафери за нападот врз Беслимовски

Кривична пријава против синот на Муса Џафери за нападот врз Беслимовски
300x250 opst2

По нападот врз претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Беслимовски, кој се случи доцна синоќа на тераса од угостителски објект во Дебар Маало, поднесена е кривична пријава против напаѓачот Аријанит Џафери, инаку син на поранешниот министер и вицепремиер, Муса Џафери.

Беслимовски (45) во полиција пријавил дека бил физички нападнат од 28-годишниот Џафери.

Од МВР информираат дека против напаѓачот ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело насилство по член 386 од КЗ.

Веднаш по пријавувањето на настанот, извршени биле разговори со сведоци на настанот, обезбедена била и видео снимка од инцидентот, а бил извршен и разговор со пријавениот Џафри, кој во целост го признал делото.

Според неофицијални информации, пред нападот врз Беслимовски претходела расправија поради незадоволството на Џафери што Регулаторна комисија започнала постапка за одземање лиценца на неговата фирма.

Беслимовски, според информации на „Макфакс“, бил удиран по глава и во пределот на телото, а по нападот, Џафери заминал од местото.

Можете да прочитате

Денеска во Скопје дигитален самит на Западен Балкан (WBDS) 2025

СИБИРСКИ БРАН: Ќе наврне над 60 сантиметри снег, а ќе има и појава на мраз!

Универзална сала и Вардариште вечни ветувања за Скопје што никогаш не се реализираа