Утрински Весник
Македонија

Заев не ги прифати оставките на Филипче и Хасани

Заев не ги прифати оставките на Филипче и Хасани

Премиерот, Зоран Заев, поладенво одржа прес-конференција на платото пред Владата, откако претходно беше објавен извештајот од извршеното вештачење на траги од пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово.

Премиерот не ги прифати оставките од министрите Венко Филипче и Илир Хасани, велејќи дека тие спасиле илјадници животи со нивниот досегашен ангажман, по што посочи, дека затоа им ја дава довербата.

„Нема причини да се лоцира за политичка или моралност одговорност кај министрите. За евентуалните грешки, ќе се произнесат надлежните органи“, нагласи Заев.

Премиерот истакна дека во наредниот период најважно е да се засилат контролите за да не се случат вакви несреќи во иднина.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Владините институции ја стабилизираат состојбата во Гостивар, СДС повторно шири дезинформации

СДСМ: Мицкоски вели дека од денес техничката вода во Гостивар е чиста. Дали му верувате?

Почина актерот Гоце Тодоровски – 24info.mk