Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Ковачевски: За стабилен енергетски систем потребно е да се произведе дополнително количество електрична енергија

Ковачевски: За стабилен енергетски систем потребно е да се произведе дополнително количество електрична енергија
300x250 opst2

Утре ќе биде објавен меѓународен јавен повик за набавка на јаглен за работа на еден блок во РЕК Битола и за продолжување на работењето на РЕК Осломеј. Ова го истакна претседателот на Управниот одбор и Генерален директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Тој вели дека АД ЕСМ будно ги следи движењата на пазарот на електрична енергија, каде во изминатите осум месеци се бележи енормен раст на цената на електричната енергија.

„Со нашиот план за ископ на јаглен и производство на електрична енергија, ние имаме стабилно производство и ги задоволуваме потребите на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за снабдување на домаќинствата, по цена значително пониска од пазарната, со цел да не се почуствува ценовен шок кај граѓаните. Но, за стабилен електро-енергетски систем потребно е да се произведе дополнително количество електрична енергија, и за истото е потребен засилен ископ на јаглен во РЕК Битола, како и набавка на јаглен на меѓународен јавен повик“, вели Ковачевски.

АД ЕСМ, планира дополнително производство од декември 2021 до април 2022 година, за што во текот на  Со оваа произведена енергија, Ковачевски верува дека ќе се зацврсти електро-енергетскиот систем, додека дополнителните количини, односно вишоци, ќе бидат продадени на слободниот пазар и со тоа ќе се оствари приход за компанијата и за државата.

Можете да прочитате

Филипче: 10.000 фирми не може да си повратат ДДВ, Владата го уништи стопанството

Индустриското прозиводство во првите осум месеци поголемо од лани за 2,2 отсто

Стејт департмент: Водењето бизнис во Северна Македонија е генерално лесно, главен предизвик е корупцијата